Почина Ричард Донер, режисерот на „Супермен“
Ричард Донер, режисерот на „Супермен“ и „Смртоносно оружје“, почина на 92-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство.
Донер имаше богата кариера како режисер и продуцент, особено во 1970-тите и 80-тите. Заслужен е за зачнувањето на модерната ера на суперхеројски филмови, со „Супермен“ со Кристофер Рив. Тоа тогаш се сметаше за ризична авантура, поради големиот буџет за специјални ефекти, кога популарноста на филмовите со стрип-ликови сè уште не беше докажана пред публиката.
„Супермен“, снимен 1978 година, имаше огромен комерцијален успех и стана филм со најголема заработка во Северна Америка тогаш – 300 милиони долари. Беше номиниран за четири Оскари и доби Оскар за најдобри визуелни ефекти.
Донер подоцна водеше продукциска куќа со неговата сопруга Лорен Шулер Донер, која ги продуцираше „Икс-мен“ и „Ослободете го Вили“, меѓу другите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
