Почина радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Ковид 19
Од компликации од Ковид – 19 почина радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен.
Вработените од Здравствениот дом со емотивна порака се простија од својата колешка, која ја изгуби битката со вирусот.
-Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање. Но е лесно кога треба да кажеш што се тој човек значи за нас. Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска- нашата Поли – специјалист по радиодијагностика. Целиот свој работен век е дел од овој колектив, сето свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа, велат колегите.
Стојановска – Ѓоргиевска ја опишуваат како насмеана, тивка, одмерена, но со силен став и професионалност.
– Беспрекорна во својата работа, без компромисно да одговори на лекарски позив, па дури и во овие времиња- невремиња беше во првата линија, не враќајќи ниту еден пациент, не отстапувајќи – ниту еден ден. Глас никогаш не повиши, но одекна многу далеку и силно. Прекрасен човек, голем професионалец, незаменлива сопруга и мајка. Чест ни е што беше дел од овој колектив, што имавме прилика да чекориме покрај тебе во животот и работата, стои во прошталната порака од вработените од Здравствен дом – Ресен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата