Почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе 9 дан
На 74 години вчера почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе од Бразил. Тажната вест ја објави Интернационалната традиционална карате федерација каде Сенсеи Ватанабе беше претседател на Шихан-Каи комитетот на ИТКФ.
Ватанабе во 1972 година на првиот светски шампионат во Париз, Франција стана светски шампион во кумите-борби.
По завршување на неговата натпреварувачка кариера ја предводеше Бразилската карате репрезентација со која како тренер освои многу светски титули. Беше ученик на творецот на традиционалното карате Хидетака Нишијама.
Јапонецот Ватанабе роден 1947 година во Сао Паоло, Бразил целиот свој живот го посвети на каратето. Тој на ИТКФ светскиот шампионат во 2015 година во Копер, Словенија лично му го додели златниот медал на македонскиот каратист Дејан Недев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
