Почина познатиот полски режисер Анджеј Вајда
Познатиот полски филмски режисер Анджеј Вајда, почина во Варшава, во 90. година од животот, соопшти полската Асоцијација на филмските работници.
Локалните медиуми јавуваат дека Вајда бил пренесен во болница, поради влошување на неговото здравје, а смртта настапила откако престанале да функционираат неговите бели дробови.
Во Полска и во светот, тој беше посочуван како водечки претставник на „полската филмска школа“ создадена уште во педесетите години на минатиот век, во времето додека земјата беше во комунистичкиот блок.
Најголемиот број од неговите филмски остварувања, како филмовите „Канал“, „Човек од мермер“ „Човек од железо“ или „Катин“ се инспирирани од турбулентната полска историја.
Неговата кариера како филмски творец траеше цели 60 години и за тој период тој има режирани над 40 филмови.
Во 2000 година, Анджеј Вајда беше награден со почесен Оскар за неговиот придонес во филмот.
Претходно, четири негови филмови беа номинирани за Оскар, за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје.
Во 1981 година тој ја доби наградата „Златна Палма“ на фестивалот во Кан, за филмот „ Човек од железо“.
По падот на комунизмот, Вајда две години беше во политиката, како сенатор и член на Горниот дом на полскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај