Почина политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор Аpсим Зеколи

Познатиот политички аналитичар и поранешен македонски дипломат, Арсим Зеколи, почина рано утрово на 60-годишна возраст.
Тажната вест за неговата ненадејна смрт ја сподели неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение објавено на социјалните мрежи.
„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026)“
Семејството информираше дека последното испраќање и погребот ќе се одржат во текот на денешниот ден, со почеток во 18:00 часот, на гробиштата во селото Блаце.
Арсим Зеколи во пошироката јавност во Македонија и регионот беше препознатлив како истакнат колумнист и коментатор на општествено-политичките процеси, а во својата кариера ја извршуваше и функцијата амбасадор на Северна Македонија при ОБСЕ во Виена.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
