-->
-->
Почина пешак во сообраќајна несреќа во Демир Хисар
-->
На 25.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 - годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар.
Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј.(19) од с.Вардино, демирхисарско, сопатник на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несеќата извршиле увидна екипа на СВР Битола и јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
