Почина пејачката Александра Слаѓана Милошевиќ
Денеска на 69-годишна возраст почина српската уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ.
Милошевиќ почина во Земунската болница по кратко боледување, а датумот и часот на погребот ќе бидат објавени подоцна.
Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во некогашна Југославија.
Првиот соло настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што ја освоила „Гран при“.
На површината на југословенската поп-рок сцена излегла во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имала првиот голем настап на Концертот кај Хајдучка чешма, каде настапувала пред Бијели Дугме.
Милошевиќ почна да крши табуа кога објави песна наречена „Секси дама“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.
Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“.
Во 1984 година со Дадо Топиќ ја сними песната „Принцеза“, која беше преведена и на англиски, а во 1989 година замина во САД, каде извесно време свиреше со групата „Бејби сестра“.
Извесно време била брокер на акции, а работела и во маркетинг агенции. Таа се вратила во Белград во 1995 година.
Ново на Сител
-

АХВ потсетува на законската обврска: Кучињата мора да бидат микрочипирани
-

Николоски: Воведовме 23 нови авиолинии, имаме рекордна бројка на патници
-

Одронот пред патарина во Велес е расчистен, сообраќајот на автопатот Скопје - Велес е нормализиран
-

Законот за минимална плата од 600 евра денеска пред пратениците
-

Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
-

Почна Рамазанскиот пост
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
-

Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија
