Почина нуркачот кој беше инспирација за Бесон за култниот филм „Големо синило“

На 85-годишна возраст на Сицилија почна познатиот нуркач Енцо Мајорка, чиј живот беше инспирација за режисерот Лик Бесон за снимање на филмот „Големо синило“.
Мајорка се прослави кога на 57-годишна возраст без маска за дишење успеа да нурне до длабочина од 101 метер.
Во филмот на Бесон за животот на Мајорка, неговиот лик го толкуваше познатиот француски актер Жан Рено.
Филмот, снимен во 1988 година, говори за ривалството меѓу Мајорка и Жак Мајол. Нивното ривалство датирало уште во 1966 година, кога тие почнале да се натпреваруваат кој ќе може подлабоко да нурка во водите на Медитеранот.
Последниот рекорд на длабочинско нуркање што го има признато Меѓународната федерација е на 73 метри во 70-те години на минатиот век, по што е решено повеќе да не се регистираат нивните длабочински рекорди, затоа што нуркањето на поголеми длабочини може да биде опасно по животите на Мајорка и Мајол.
Откако престанал да се „натпреварува“ во нуркање, Мајорка се посветил на еколошка заштита на медитеранските води, на што останал посветен до крајот на својот живот.
Ново на Сител
-

Австралија се бори со најлошите шумски пожари од „Црното лето“
-

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено
-

Приведени крадци од Кавадарци, дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Приведен тетовец баран со потерница за издржување затворска казна од три години
-

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните врнежи, службите интервенираат и во другите делови од земјата
-

Студен бран со снег и силен јужен ветер, најобилни врнежи во западните делови
-

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни
-

Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис
