Почина новинарот Владимир Богоев

Новинарот, еден од основачите и долгогодишен уредник на весникот „Дневник“, Владимир Богоев, почина вчера на 61 – годишна возраст.
Богоев основно и средно училиште завршил во Скопје, дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Новинарската кариера ја започна во „Вечер“ во 1988 година, каде што работеше до основањето на „Дневник“ во 1996 година. Во „Дневник“ работеше прво како уредник, а потоа и како помошен главен уредник. По формирањето на Медиа принт Македонија, како заедничка компанија на „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ беше составен дел од менаџерскиот тим.
Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ и поранешен градоначаник на Општина Карпош.
-Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот. Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне. Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за сè! Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал… А дотогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on…“, напиша Стефан Богоев на Фејсбук.
Погребот ќе се одржи утре, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица.
Ново на Сител
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
-

Вчеравечер почувствуван земјотрес од 5 степени по Рихтер во југоисточните делови на Македонија
-

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон
-

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш
-

Без струја делови од Карпош и Кисела Вода
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
