-->
-->
Почина Нико Нестор (1934-2016)
-->

Првиот Македонец кој го преплива Ла Манш, Нико Нестор, почина во Скопје на 81-годишна возраст.
Нестор на 9 септември 1959 година го преплива каналот меѓу Франција и Британија за 12 часа и 6 минути, како прв човек од источна Европа кој го совладал растојанието од Кале до Довер.
Во 2009 година за овој подвиг тој доби специјално признание од Здружението на пливачки маратонци.
Нестор е и првиот Македонец кој го препливал Охридското Езеро - од Свети Наум до Струга за 11 часа и 28 минути во 1958 година.
Нико Нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. На републичките првенства освои 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. крај
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
