Почина најбогатиот Турчин роден во Македонија - неговото богатство проценето на 2 милијарди долари
![]()
Познатиот турски бизнисмен Шарик Тара, почесниот директор на холдингот ЕНКА, почина на 88 години, јавува Анадолија.
Според наводите на управата на холдингот, еден од најбогатите луѓе во Турција, Тара починал во болницата Аџибадем, во која бил згрижен, поради здраствени проблеми.
Роден е на 22 април 1930 година во Скопје. Со семејството во 1944 година се преселил во Турција. Дипломирал 1954 година на Градежниот факултет на Техничкиот универзитет во Инстамбул. Заедно со зетот, во 1957 година ја основал градежната компанија ЕНКА која ја израснале во една од најголемите компании во Турција.
ЕНКА има голема улога и во Русија во градежништвото како и во инвестирањето во недвижнини, поседува канцеларии, хотел, трговски центри во Москва. ЕНКА е исто така е позната по изградбата на Американската амбасада во Доминиканската Република, Холандија, Индија, Парагвај, Русија, Босна и Херцеговина и многу други земји.
Компанијата е една од најголемите Турски производители на електрична енергија и истата се шири во енергетскиот сектор.
Шарик Тара има мрежа од компании што вреди 5.2 милијарди американски долари.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
