Почина најблискиот роднина на Никола Тесла
Досега најблискиот жив роднина на Никола Тесла, Вилијам Бил Тербо, почина на возраст од 89 години во неговиот дом во Њу Џерси.
Никола Тесла имал брат Дане и три сестри – Милка, Ангелина и Марица. Тербо е внук од постарата негова сестра Ангелина.
Таа се омажила за свештеникот Никола Трбојевиќ и имале пет деца – три сина и две ќерки. Сите биле со високо образовани, а четири од нив биле доктори на науки.
Синот на Ангелина, Никола Трбојевиќ помладиот е татко на Вилијам Бил Тербо. Никола Трбојевиќ помладиот, во САД попознат какo Ник Тербо, работел во автомобилската индустрија, а најпознат е по пронајдокот на кој се базираат менувачите.
Неговиот син Вилијам Бил Тербо е роден на десети април 1930 година во Детроит. Тој по дипломирањето се вработил во вселенската и ракетната индустрија во Лос Анџелес каде работел се до пензионирањето.
Неговата сопруга Бојана од Србија до крајот на животот го поддржуваше во неговите активности за промовирање на животот и делото на Никола Тесла.
Ново на Сител
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот