Џет-Сет
26. March 2016 - 14:42

Почина младиот српски актер и пејач

Актерот Маринко Маџгаљ почина денеска по кратко боледување од тешка болест во 37. година од животот.

Тој е роден 1978 година во Белград, но растел во Котор. Популарноста ја стекна во телевизиската серија Црни Груја, како и во групта Фламингоси во која пееше заедно со Огњен Амиџиќ.

Се испроба и како водител. Молиер на почетокот од кариерата му донесе голема популарност.

Беше оженет со актерката Дубравка Мијатовиќ со која има ќерка.

Последната песна ја сними пред една година токму во Скопје и е посветена на сопругата на Огњен која е Македонка.

Погледнете го спотот во кој се презентирани убавините на Скопје: