Почина Методија Тошевски, поранешен главен државен ревизор

Вчера почина Методија Тошевски, поранешен главен државен ревизор. Тошевски ќе биде погребан денеска во 15 часот на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје.
Тошевски ги постави темелите на работењето на Државниот завод за ревизија, каде раководеше од почетокот на 2000 година до ноември 2005 година. Под негово раководство Државниот завод за ревизија беше примен во ревизорските семејства на ИНТОСАИ и ЕУРОСАИ, и како рамноправен член учествуваше во нивните активности.
Во негово време ДЗР ги започна првите меѓународни проекти за зајакнување на капацитетите на ДЗР, како што беа проектите со Светската банка и Холандскиот суд за ревизија. Беше ментор на креирање на првите методолошки акти, прирачници и упатства за вршење државна ревизија – Финансиска ревизија и Ревизија на успешност.
Покрај функцијата главен државен ревизор, Методија Тошевски беше министер за финансии во првата експертска влада на независна и самостојна Република Македонија и директор на Алмако банка.
Со својот авторитет остави трага како член на Друштвото на писателите на Република Македонија и на Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
