Почина Марјан Додовски, поранешен министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Почина Марјан Додовски, поранешен министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, поради компликации од коронавирус.
Марјан Додовски имаше богата политичка и професинална кариера, а ќе го паметиме по монументалниот проект за спас на Дојранското Езеро.
Неговата поранешна сопруга Иванка Василевска на Фејсбук напиша дека тој починал ноќеса на државната клиника.
-Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска. Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир, напиша таа на Фејсбук.
Додовски во својата кариера беше:
-Пратеник во Собранието на Република Македонија 2006-2008 година
-Претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
-Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град Скопје. 2005- 2006 година
-Член на Советот на Град Скопје. 2005 година
-Министер за животна средина и просторно планирање и заменик министер за животна средина и просторно планирње. Влада на РМ-1998-2002 година
Во неговата биографија може да се најдат и следниве ангажмани:
-Реализација на Проектот за Спас на Дојранското Езеро
-Професор по географија во О.У. “Крсте П. Мисирков”- Скопје1996-1997 година
-Генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1997-1998 година
-Секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1995 – 1997 година
-Член на претседателството на Еколошко Друштво “Опстанок” – Скопје, 1994 година
-Колумнист во дневни, неделни и месечни весници;
-Аматерски активности во ликовната уметност- правец интарзија.
-Автор на книгата „Дојранско Езеро - Од агонија до живот“
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло, температурата до 39 степени
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
