Џет-Сет
31. August 2015 - 10:02

Почина легендарниот режисер на хорор филмовите, Вес Крејвен

Вес Крејвен, легендарниот режисер на хорор филмови, меѓу кои „Врисок" и "Кошмарот во улицата на брестовите", почина на 76 годишна возраст.

Неговото семејство соопшти дека Крејвен починал во својот дом во Лос Анџелес. Тој бил болен од тумор на мозокот.

Освен на хорор филмови, Крејвен беше режисер и на „Музика на срцето", за кој Мерил Стрип беше номинирана за Оскар.

Крејвен завршил филозофија. Тој беше, исто така, писател и издавач и предавал англиски јазик.