-->
-->
Почина Клод Руиз-Пикасо, син на легендарниот сликар
-->
Синот на големиот шпански сликар Пабло Пикасо, Клод Руиз-Пикасо почина во Швајцарија, потврди синоќа неговиот адвокат. Имаше 76 години.
Правникот не ја соопшти причината за смртта.
Руиз-Пикасо беше фотограф, графички дизајнер и филмски работник. Од 1989 година, синот на Пикасо управува со наследството на сликарот. Во јули објави дека заминува во пензија и дека задолженијата ѝ ги препушта на сестрата Палома.
Пабло Пикасо имаше четири деца. Највозрасниот син е Пауло, роден за време на врската со Олга Хохлова, кој почина во 1975 година. Потоа Маја, ќерка на Мари-Тереза Валтер, која почина во 2002 година. Клод и Палома се родени за време на врската со Франсоаз Жило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата