Почина карикатуристот и сатиричар Дарко Марковиќ

Познатиот македонски карикатурист, сатиричар и филмски режисер Дарко Марковиќ почина синоќа во Скопје.
Марковиќ е роден во Скопје во 1940 година. Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972 година специјализира анимиран филм во Загреб под менторство на оскаровецот Душан Вуковиќ. Професионалната кариера како карикатурист ја започнува во 1960 година, работејќи за повеќе весници и списанија во Македонија и во поранешна Југославија. Од 1966 до 1975 година работи како главен уредник на хумористично-сатиричното списание „Остен“ и како директор на Светската галерија на карикатури во Скопје.
Во 1975 година кога се вработува во „Вардар филм“ отвајаќи го студиото за анимиран филм почнува активно да се занимава со филм. Од 1978 работи како слободен уметник, а во 1983 е назначен за професор на Факултетот за уметност во Скопје по предметот анимиран филм. Во истиот период работи како главен уредник на културно-уметничката програма во Телевизија Скопје. Од 1988 до 1995 живее и работи во Лондон. Во 1995 се враќа во Македонија.
За своите карикатури и анимирани филмови, има добиено преку триесет награди и признанија.
Негови познати анимации се „Граница“ (1976), „Стоп“ (1976), „Три минути на светот на Мирослав Бартак“ (1976), „Бело топче“ (1977), и „Циркус“ (1979), а познат е и како автор на стриповите со популарниот јунак Пецко.
Ново на Сител
-

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците
-

Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места
-

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“
-

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села
-

Почина Љупчо Грнчиштанов, инспектор обвинет во случајот „Пулс“
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
