-->
-->
Почина Хорхе Луис Батле, поранешен претседател на Уругвај
-->

Поранешниот уругвајски претседател Хорхе Луис Батле Ибанес, почина вчера на 88-годишна возраст како резултат на тешка повреда на мозокот, соопшти болницата во којашто тој се лекуваше, пренесува БТА.
Хорхе Батле бил хоспитализиран на 13 октомври во критична состојба како последица од траума здобиена при пад.
За време на својот мандат (2000-2005 година), Батле требаше да се справи со најтешката финансиска криза во поновата историја на Уругвај, кога во банкарскиот систем во земјата владееше паника, предизвикана од аргентинската економска криза од 2001.
Хорхе Батле е претставник на позната уругвајска политичка династија. Неговиот татко Луис Батле Берес исто така, беше шеф на државата, од 1947 до 1951 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
