-->
-->
Почина фудбалската легенда
-->
Поранешниот репрезентативец и селектор на фудбалската репрезентација на Нигерија, Стивен Кеши почина минатата ноќ на 54-годишна возраст од срцев удар.
Тој беше еден од најдобрите играчи во историјата на оваа африканска репрезентација и е единствениот кој како играч и селектор го освоил Африканскиот куп на нации.
Со репрезентацијата на Нигерија успеа да избори пласман во вториот круг на Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Во својата играчка кариера најголем впечаток остави додека беше член на Андерлехт, а настапувал и во клубови од Франција, САД и Малезија. За репрезентацијата на Нигерија одиграл 64 натпревари и постигнал девет гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници