Фудбал
8. January 2024 - 17:49

Почина Франц Бекенбауер

На 78-годишна возраст денеска почина најголемиот играч во историјата на Германија, Франц Бекенбауер.

Бекенбауер, кој со Германија го освои Светското првенство како играч во 1974 година, а потоа и како селектор во 1990 година, во последно време не се појавува во јавноста.

Последен пат беше виден во јануари годинава, а откако во јули не се појави на прославата на 33 години од освоената титула светски првак, почнаа да се шират гласини дека е тешко болен.

Тој ќе биде запаметен по неговото управување со играта како и целосна доминација во одбраната, Бекенбауер важеше за најдобриот германски фудбалер на сите времиња, како и еден од најголемите фудбалери во историјата.