-->
-->
Почина девојче по пад од трицикл
-->
Малолетничка почина а 41 годишен скопјанец е повреден по пад од трицикл.
„Вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“, Р.С.(41) од Скопје, управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка“, соопшти МВР.
Како што информираа од МВР, во несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди. Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода