Почина бугарскиот историчар Божидар Димитров додека ја чекал ќерката да го прослават нејзиниот роденден
![]()
На 72-годишна возраст почина поранешниот директор на Националниот историски музеј Божидар Димитров, објави новинската агенција ФОКУС.
Историчар по образование, тој беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов.
Починал пред зградата во која живее. Одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата, јавуваат бугарските медиуми.
Негови блиски претпоставуваат дека станува збор за белодробна емболија.
Починал додека ја чекал ќерка си Марија. Денеска и бил роденден и таа требало да помине и да ги земе родителите за да одат и заедно да прослават.
Тие што го познваат, вклучувајќи и многумина во МАкеоднија велат дека стануав збор за исклучителен човек. Во однос на Македонија, се разбира, неговите ставови беа исти – негаторски – какви што се впрочем и ставовите на сите бугарски историчари.
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
