Почина Бошко Блажески, еден од најпознатите фудбалери на Тетекс
Во Тетово денеска на 76 години почина Бошко Блажески, еден од најпознатите фудбалери на Тетекс.
Блажески својата кариера ја започнал како средношколец во клуб во Штип, па продолжил една година во ФК Љуботен по што околу 15 години го носел дресот на ФК Тетекс.
-Речиси целата својата фудбалска кариера Бошко Блажески ја помина во ФК Тетекс каде беше иргач за врска и го носеше бројот 4. Како фудбалер беше омилен кај тетовската публика со оглед дека постојано беше во првиот тим покрај силната конкуренција и играчи од други градови. Настапуваше се до 1980 година во Тетекс, најдобрите години на клубот, информираат од ФК Тетекс.
Блажески има работено и како тренер, спортски новинар и работник во текстилниот комбинат Тетекс. Како пензионер бил претседател на комисија за спорт при тетовското Здружение на пензионери.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
