Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер

Американскиот глумец Едвард Фолкнер, можеби најпознат по филмовите со Џон Вејн, почина на возраст од 93 години. Тоа се случило на 26 август, во здравствена установа во Виста, Калифорнија, САД, соопшти вчера неговата ќерка Лесли Вадсворт за „Холивуд репортер“.
Своето деби на големото платно, Фолкнер го имаше во филмот „Џи-Ај Блус“ (1960), а потоа глумеше и во „Скроти ме“ (1965), исто така - со Елвис Присли. Следеа улогите покрај Вејн во „Меклинток“ (1963), „Зелени беретки“ (1968), „Пеколни борачи“ (1968), „Непобедените“ (1969), „Рио Лобо“ (1970) и „Чизум“ (1970).
Во едно интервју од 2019 година, Фолкнер изјави дека „никогаш не добил борба“, бидејќи секогаш бил „лошиот“ во приказната.
Како помлад од двете деца, Филден Едвард Фолкнер II, е роден на престапен ден - 29 февруари 1932 година - во Лексингтон, Кентаки, САД. Неговиот татко поседувал компанија за градежни материјали, а неговата мајка, Фери Џун, била професорка по музичко. Со својата љубов од средно училиште и сопруга, со која беа в брак речиси 60 години, Барбара глумеле заедно во училишните претстави и на колеџ, а таа починала во 2013 година.
МИА
Ново на Сител
-

Воена вежба на македонската и белгиската армија утре кај Радожда
-

„Онкологија 2“: Планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства за биолошката терапија
-

„Сејф Сити“: Одземени 90 возила за две недели
-

Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени се дрога и куршуми
-

Реките со енормен пораст по обилните дождови - Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот
-

Жител на неготинско Тимјаник возел без возачка, одземено му е возилото
-

Македонското еколошко друштво започнува нов проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија
-

Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
