Македонија
8. May 2021 - 21:29

Почина актерот Кирил Псалтиров

Денеска после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар.

Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како Госпоѓа министерка, Чорбаџи Теодос, и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл Свирачот на покрив.

Играше во многу македонски филмови како Пред Дождот, Најдолгиот пат, Време води, Пресуда, Мисија Лондон и многу други, како и во бројни ТВ серии како Илинден, Волшебното самарче, Во светот на бајките, но и во популарните македонските народни приказни и Трврдокорни, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешевски. Соработуваше со повеќе национални телевизии и оствари бројни проекти во нивните продукции.

Погребот ќе се одржи во неговиот роден град Кочани на 09.05.2021 година.