Поблагиот пристап во борбата со корона вирусот донесе 10.000 заразени во Шведска

Според официјалните податоци, во Шведска, која се одлучи за поблаг пристап во борбата против епидемијата, заразени се повеќе од 10.000 луѓе со коронавирус, при што се бележи голема смртност кај заболените.
Во Шведска, земја со околу 10,3 милиони жители, од коронавирусот починале вкупно 887 лица. Според податоците од универзитетот Џон Хопкинс, инфекцијата е потврдена кај 10.151 лице.
За разлика од другите европски земји, со исклучок на Белорусија, шведските власти не воведоа рестриктивни мерки за сузбивање на епидемијата. Така, во Шведска рестораните и кафулињата се отворени, училиштата и градинките работат, а дозволени се јавни собири за најмногу 50 лица.
Во соседна Данска, со население од околу 5,8 милиони, коронавирусот е потврден кај 6.000 лица, со 260 смртни случаи. Уште 200 луѓе се заразени на Фарските острови и Гренланд, кои се дел од Кралството Данска. Коронавирусот е потврден кај околу 6.300 лица во Норвешка, земја со население од 5,4 милиони, а 114 луѓе починале. Во Финска, која има околу 5,5 милиони жители, потврдени се околу 2.600 случаи на зараза и 42 смртни случаи. Во Исланд, кој пропорционално има извршено најмногу тестови, коронавирусот е потврден кај 1.700 лица, а 19 починале.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
