„Побједа“: Од боиштата на ИД во Црна Гора се вратиле десет лица
Од боиштата на Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак во Црна Гора се вратиле осум мажи, една жена и едно дете, се наведува во истражувањата на подгоричкиот весник „Побједа“,
Весникот наведува дека правосудните органи се во фаза на т.н/ разглдување на неколку предмети, но засега нема ни најава кога некои од нив би можеле да се процесуираат до фаза на отворање судски постапки.
Неодамна објавената информација дека во Сирија е заробен црногорскиот државјанин Дино Алијагиќ од Подгорица, повторно го актуелизира проблемот со процесуирање на учеството во странски боишта, но и своевидната „каталогизација“ не само на мотивите на потенцијалните борци, туку и идентификацијата барем на делови од организациските структури без кои таквите потфати би биле само на ниво на авантуристички обиди.
Црногорските правни експерти предупредуваат на фактот дека многу тешко се доаѓа до релевантни докази за нечие учество на сириските, ирачките или либиските боишта, а особено е тешко докажливо учеството во борбените дејствија во државите во кои, заради хаотичната состојба, многу е компликувано да се разграничи што се воени, а што паравоени формации, каде се преминува линијата на цивилна, хуманитарна или солидарна логистика и каде завршува универзалното право на самооддржување, па со самото тоа и на самоодбрана.
„Побједа“ наведе дека на просторите на поранешна Југославија се процесуирани повеќе од 50 џихадистички повратници, а најмногу во Босна и Херцеговина - 23.
Ново на Сител
-
Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе, меѓу жртвите има и малолетни лица | ВИДЕО
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик