Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување

Фудбалерите на Вардар се вратија на првото место на табелата откако вечерва во последниот дуел од 11.коло на домашен терен го совладаа Силекс со 2:1. Победникот беше решен во судиското надополнување на вториот дел кога во шеснаесетникот на гостите играч на Силекс играше со рака, а по прегледаната ВАР снимка судијата Фатмир Бафто покажа на белата точка.
Сигурен реализатор на пеналот беше Мато во 100.та минута (90+10).
Инаку, Вардар поведе со одличниот гол на капитенот Азер Омерагиќ во 9.минута, а пет минути подоцна изедначи Алдин Хрвановиќ. Тоа беше и резултат по првиот дел. Во второто полувреме Вардар имаше шанси, но до промена на резултатот не дојде.
По едно недоразбирање голманот на Силекс Ључпе Џеков во 83.минута поради фаул надвор од шеснаесетникот доби црвен картон, а Вардар потоа со голот од пенал дојде до победата.
Во првиот денешен натпревар Брера – Шкендија 2:3.
Табела: Вардар 27 бодови, Струга 26, Шкендија 24, Силекс 21, Башкими 19, Брера 15, Македонија ЃП 14, Арсими 12, Тиквеш 9, Пелистер 8, Работнички 7, Шкупи 1.
МИА
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите 17 американски „Stryker-и“ - Мисајловски најавува нови набавки за модернизација на АРМ
-

Трајанов: Во Македонија има 102 лица повратници од ИСИС, влијанието на Исламска држава е мало
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
