-->
-->
Победа за Мицов и Деари, пораз на Стоилковска
-->

акедонските тенсиери Стефан Мицов и Шендрит Деари со победа ги почнаа мечевите во двојки на фјучрс турнирот во Хамамет. Денеска во мечот од 1.коло ги победија холандските тенисери Марк Дијхуизен и Мос Споркен со 6:3 во двата сета.
За разлика од нив Магладелна Стоилковска ги заврши натпреварите. Откако не успеа да ги мине квалификациите во сингл, таа денеска во двојки со Ралина Калимулина од Русија загубија од четвртите носителки Полина Монова (Русија) и Снехадеви Реди (Индија). Противничките победија со 2:0 во сетови (6:0 и 7:6 (7:2) во гемови).
Во поединечна конкренција на фјучрсот утре ќе играат уште македонски тенисери. Лина Ѓорческа, која е втора носителка ќе игра против Деспина Папамихаил (Грција). Томислав Јотовски во првото коло за ривал го има Роман Сафиулин (Русија, 7.носител) и Бесир Дургути ќе игра против Шпанецот Алберто Ромеро де Авила Сенсие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
