Свет
22. September 2016 - 12:33

По Жак Ширак, на болничко лекување и неговата сопруга Бернадет

По вчерашните гласини за наводната смрт на поранешниот француски претседател Жак Ширак, која беше категорично демантирана од неговото семејство, од синоќа на болничко лекување е примена и неговата сопруга Бернадет, јави дописникот на МИА од Париз.

Семејството на Ширак побара почитување на „мирот“ на поранешниот претседател, додавајќи дека неговата сопруга Бернадет е примена во истата болница, „Питие Салпетриер“ во Париз, „за да се одмори од настаните“,

Жак Ширак (83) се лекува од инфекција на белите дробови.