По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
По викенд нападите, САД и Иран се враќаат на преговарачка маса. Утре во главниот град на Катар, Доха, техничките тимови ќе ги продолжат разговорите во рамките на претходно потпишаниот рамковен договор за завршување на војната објави Трамп додавајки дека двете страни се согласиле и да ги прекинат нападите.
Според американскиот претседател, состанокот го побарал Иран. Прес службата на Белата Кука обајви дека Американската делегеција ке ја предводат специјалните пратеници Стиф Виктов и Џаред Кушнер. Од друга страна, официјален Техран негира дека се планирани разговори.
Американските и иранските претсавници вчера требаше да се состанат во Швајцарија за да разговораат за спорната иранска нуклерна програма но Техеран го откажа учеството, обвинувајќи го Вашингтон за прекршување на 60 дневното договорено примирје. Во последните денови, САД извршија напади врз ирански цели како одговор на нападoт врз комерцијален брод во Ормутскиот Теснец во четврокот за кој Вашингтон го обвини Техеран.
Иран возврати со напади со дронови врз локации во Персискиот Залив, каде што се распоредени американски сили. Тема на утрешниот состанок ќе биде безбедноста во Ормутскиот теснец, најважната транспортна рута за нафта во светот, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван американски функционер.
На новата воена ескалација помегу САД и Иран нафатените пазари реагираа со раст на цените. Цената на суровата нафта од типот Брент денеска се тргвува околу 73 долари за барел. Аналитичарите предупредуваат дека се додека не се постигне траен договор енергетските пазари ќе останат чувствителни на секоја нова ескалација.
Американскиот амбасадор во ОН, предупреди дека трпението на претседателот Трамп е при крај.
„Па, трпението на претседателот нема да трае вечно. Ако иранскиот режим и на момент помисли дека претседателот Трамп ќе седи со скрстени раце или ќе стои настрана додека Иран продолжува да го напага меѓународниот бродски сообраќај, или нашите бази без воен одоговр, за жал ќе погреши. Но, тие треба да разберат дека нивната моќ се намалува со секој изминат ден.“
Масло во огнот долеваат и новите израелските напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан и покрај постиганиот договор за прекин на огнот. Техеран бара прекин на изарелските воени операции во Либан и повлекување на изарелските сили од Либан додека Тел Авив вели дека тоа ке се случи по разоружување на Хезболах. Иран јасно стави до знаење дека стабилноста во Либан е услов за поширок мировен договор со САД.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
