-->
-->
По ужасните фотографии објавено и видео од лошата состојба во битолската болница
-->
За условите во болницата во Битола на социјалните мрежи кружи ново видео, откако беа објавени слики од просторија во болницата каде што пациенти добиваат инфузија додека во соседните кревети лежат починати пациенти.
Пациент од болницата во Битола преку видео снимка објаснува какви се условите во одделението кое се наоѓа веднаш до ковид центарот на болницата.
Имено, тој детално ги објаснува деловите, а посебно се задржува на тоалетите каде што како што вели тој во еден од нив има поставено и чадор со цел да не капат фекалии врз главите на пациентите.
Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата кадешто болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања