Македонија
29. July 2015 - 16:47

По трагедијата во Гостивар - Апел да не се пука на свадби

Да не се дозволи среќата во едно семејство да заврши со тага во друго семејство и затоа да не се пука по свадби. Вака денес апелираше градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта еден ден откако 10 годишно дете го изгуби животот поради заталкан куршум. 
 
-Свадбите нека се прават. Со неконтролирано пукање неможе да има евселба. Ги вознемируваме нашите деца , нашите деца, нашите граѓани, изјави Невзат Бејта 
 
Бидејќи критичниот ден во населбата Фазанерија имало свадба, полицијата истрагата ја насочи кон тоа дали некој од гостите употребил огнено оружје. Градоначалникот најави дека ќе го употреби авторитетот и со поактивна соработка со полиција и другите институции превентивно ќе се обиде да делува и да спречи употреба на оружје при свадбени веселби.
 
Според законот за нарушување на јавен ред и мир,доколку некој пука на свадба ќе се соочи со казна од 100 до 500 евра. Во случај да има повредени се одговара за кривично дело.