По студеното утро, сончев ден

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла.
Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од девет до 15 степени.
Во Скопје претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до девет степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. До недела дневната температура ќе биде во постапен пораст.
Во понеделник попладне, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
