Македонија
12. May 2016 - 12:59

По смртта на скопјанецот, кривична пријава за напаѓачот пред клубот „Мистик“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 7.овој месец, околу 04:00 часот, пред ноќниот клуб  „Мистик“, пријавениот го пресретнал С.Б.(30) од Скопје и по кратка расправија поради тепачка физички го нападнал оштетениот удирајќи со тупаници по телото и главата, по што С.Б. паднал на бетонскиот дел во бесознание и се здобил со тешка телесна повреда во вид на фрактура во предлот на главата.

Пред два дена С.Б. од задобиените повреди починал на Клиника за Неврохирургија при КЦ „Мајка Тереза“- Скопје.