-->
-->
По смртта на Љата, Дука е привремен градоначалник на Дебар
-->
По смртта на градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, оваа функција моментно ја извршува Хекуран Дука, советник од редовите на Демократската унија за интеграција.
Дука, лекар специјалист-уролог во Општата болница во Дебар и до сега го заменуваше градоначалникот во негово отсуство.
-Според законот Владата на Република Македонија треба да одржи седница на која ќе ја констатира состојбата, по што Советот на општината со мнозинство гласови треба да избере вршител на должноста градоначалник. Во рок од шест месеци треба да бидат спроведени избори за нов градоначалник, изјави за МИА, Или Мирзо, секретар на општина Дебар.
Ружди Љата, кому ова му беше втор градоначалнички мандат, по кусо и тешко боледување, почина на 24 ноември, на 65-годишна возраст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
-

Универзитетите и Владата единствени за новото законско решение за високото образование
-

Специјализација за интерна и општа хирургија од новата академска година
