-->
-->
По падот на авионот руски авиокомпании ја менуваат својата траса во регионот на Синај
-->

Руските авиокомпании „Уралски авиолинии“ и „Нордвинд“ ја променија трасата по која летаат од египетското летувалиште Шарм ел Шеик за Москва.
Тие веќе го заобиколуваат северниот дел од Синајскиот Полуостров.
Ербас на руската компанија „Когалимавиа“ се урна на Синајскиот Полуостров во саботата 23 минути по полетувањето од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург. Во несреќата загинаа сите 224 луѓе во авионот.
Претходно двете најголеми европски авиокомании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“ одлучија да не летаат над Синајски Полуостров се додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион. Ваква одлука донесе и една од најголемите компании во светот, „Емирејтс“ од Дубаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
