По нападот во Истанбул уапсени 59 лица поврзани со ИД
По вчерашниот напад во Истанбул во кој загинаа 10 лица, турската полиција спорведе антитерориситчка операција во пет градови во земјата, при што се приведени 59 лица.
Како што јави ТАСС, сите приведени се оосмничени за поврзаност со џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Операцијата е спроведена во Анкара, Шанљурфа, Мерсин, Килис и Адана.
Според телевизијата Хабер Турк, од 16-мината упасени во Анкара, дури 15 се државјани на Сирија, кои по завршувањето на истрагта се очекува да бидат протерани од Турција.
Меѓу уапсните во останатите градови има и поголем број турски државјани, кои се товарат за „терористичка активност“, што би можело да значи и дека се поврзани или се членови на Курдската работничка партија (ПКК).
Според полицијата, приведените имале задача да ги откријат „слабите точки“ на поголем број државни институции, кои потоа би биле цел на терористички напади.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка