По намалените цени во регионот, се очекува поевтин роаминг и со ЕУ
Советот за регионална соработка, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа денеска го поздрави намалувањето на цените во роаминг во регионот на Западен Балкан.
Со драстично намалените цени граѓаните на Западен Балкан ќе може да зборуваат, сурфаат и испраќаат СМС многу повеќе, а ќе плаќаат многу помалку. Во просек цените на телефонските повици се намалени за 65 проценти, а цените за пренос на податоци за 78 отсто, што се секако значителни намалувања кои во некои од случаите достигнуваат и 99 отсто. Граѓаните на Западен Балкан ќе може да зборуваат, сурфаат и испраќаат СМС многу повеќе, а ќе плаќаат многу помалку, соопшти Советот за регионална соработка.
На пример, како што наведуваат, цената на појдовните повици во некои од случаите е намалена на 0,08 евроценти, а цената на пренос на податоци на 0,04 евроценти, во зависност од операторот.
Од Советот за регионална соработка истакнуваат дека е во подготовка и новиот договор со Европската унија, со кој се овозможува намалување на цените во роаминг со Западен Балкан. Драстичното намалување на цените води кон намалување на роамингот со ЕУ и негово целосно укинување во регионот во 2021 година.
Советот за регионална соработка се заблагодарува на владите од Западен Балкан и Европската комисија кои овозможија да заживее промената на цените.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура

