По грешка пред време откриено кој ќе ја претставува Србија на Евровизија
Откако Босна и Херцеговина и Хрватска ги објавија своите претставници за овогодишниот Избор за песна на Евровија, вчера пред време по грешка беше објавено и кој ќе претставува Србија на Евросонгот.
Имено, на насловната страница на српската државна телевија РТС, беше објавено дека претставник на Србија ќе биде Сања Вучиќ, пејачка на бендот ЗАА, но вест набрзо беше повлечена, со образложение дека „по грешка предвреме била објавена“.
Иако грешката била на време увидена, веста сепак набрзо се прошири низ српските медиуми.
По ова синоќа на прес-конференција официјално беше потврдено дека Сања, позната по својот етно урбан израз, ќе ја претставува соседна Србија на Евросонгот во Шведска, а беше промовирана и песната со која таа ќе настапи.
Сања живее во Белград, каде студира арапски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет.
Инаку, синоќа и Македонија ја промовираше својата песна за Евросонгот, „Дона“, која ја изведува Калиопи.
Ново на Сител
-
Oдбележување на Денот на народното востание
-
Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
-
Се интензивира кампањата за Локалните избори
-
Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка
-
Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната
-
Променливо облачно
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори