По едногодишен застој извршени 12 трансплантации на Урологија

Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон бара отпочнување национална кампања за органодарителство, реактивирање на кадаверичната трансплантација, воведување вкрстена трансплантација или размена на органи, воведување нови лекови за трансплантираните пациенти, намалување на нивната цена или да бидат бесплатни, бидејќи, како што наведуваат, со трансплантација ќе се ослободат големи средства кои одат за дијализата.
- За отпочнување на вкрстена трансплантација е потребно да се прошири Центарот за трансплантација при Клиниката за урологија и таму да се подобрат условите, да се направи бесплатна типизација, а како услов да имаме база на податоци со што евентуалните кадавери да можеме брзо и лесно да ги трансплантираме, да има поволности за донаторите, рече претседателот на Здружението, Душко Ѓорѓиев на одбележувањето на Европскиот ден на органодарителство под мотото „Дарувај орган - подари живот“.
Посочи дека потребно е да се отпочне со вклучување на Македонија во меѓународна донаторска мрежа на органи Евротрансплант како услов за размена на органи, назначување болнички координатори кои ќе бидат посветени на оваа работа, а пациентите со хепатит Ц, кои се на дијализа да бидат третирани со нови генерици лекови за да можат да бидат на листата за трансплантација.
Директорот на Клиниката за урологија, Сашо Дохчев истакна дека по застој од година и нешто почнале со трансплантации, минатата година за неполни пет месеци направиле седум трансплантации, а годинава досега направиле 12 трансплантации.
- Пациентите се подготвуваат од Клиниката за нефрологија и колегите од анестезија и кога ќе дојдат подготвени за операција ние ги оперираме. Значи не создадовме никаква листа на чекање. Веќе имаме подготвени седум осум двојки пациенти кои во овие неколку месеци ќе ги трансплантираме. Пациентите не чекаат за транплантација. Кога ќе се подготват од месец дена повеќе не се чека за операција. Кадаверичната трансплантација замре, кај пациентите падна ентузијазмот. Кадаверична трансплантација е организација на државата, ние сме крајните извршители, рече Дохчев.
Тој изрази надеж дека ќе биде возобновена програмата за кадаверична трансплантација.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
