По две години пауза повторно на терен

Шпанскиот ветеран Санти Казорла, конечно, по 636 дена го одигра својот прв меч ставајќи крај на кошмарот со повреди.
Плејмејкерот последен пат играше за Арсенал во Лигата на шампионите против Лудогорец на 19 октомври 2016 година, по што во вторникот навечер за својот старо-нов тим, Вилјареал одигра 33 минути во пријателскиот меч против Херкулес, кој заврши 1:1.
33-годишниот Шпанец ја повреди петата на тој меч со Лудогорец, по што беше на десетина операции, а лекарите предвидуваа дека тој воопшто нема да може да оди повеќе. По мечот, поранешниот шпански репрезентативец призна дека е пресреќен.
„Конечно се вратив на тоа што најмногу го сакам. Пред мене има многу работа, но ова е првиот чекор. Бексрајно сум благодарен на луѓето кои ми помогнаа“, напиша Казорла на Инстаграм.
Ново на Сител
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
