По два месеци работа Анкетната за Онкологија ќе заврши без епилог
Без епилог и конкретни заклучоци ќе заврши Анкетанта Комисија за скандалот на Онкологија. Утре е последен работен ден, но не е предвидена седница на ова собраниско тело каде власта и опозицијата би нашле заеднички јазик за политичка одговорност на неколку поранешни функционери.
Цели два месеци јавноста беше сведок на сослушување на сегашни и поранешни министри, директори, доктори, пациенти, експерти... Слушнавме за набавки на лекови на реверс, ревизорски извештај со многу неправилности, обвинувања за монополско однесување на компании. Сведоштвата и бројните документи не беа доволни за заеднички јазик на членовите во Анкетната, кои нема да ја исполнат целта за која беа формирани и нема да има формален дел, потврди за Сител претседателката на Комисијата.
- Нашите заклучоци од обете страни се толку конвертирани, толку различни без допирни точки што е бесполезно понатаму да се расправа и тоа нема да вроди со никаков плод, и заради тоа сметам дека за жал, нема да имаме формални изгласани заклучоци, иако цела јавност ја увиде вистината и не верувам дека тие заклучоци кои се вистинити и до кои стигнав нема понатаму да бидат разгледувани, вели Рашела Мизрахи, претседател на Анкетна Комисија за скандалот на Онклогија
- Точно е дека е уште последен ден и дека на 3 декември завршува нашата работа и ако не се закаже седница, ќе паднат во вода и Анкетната Комисија и заклучоците и наводните нивни заложби за правата на пациентите и за се она што тврдеа дека го иницираат со формирањето на Анкетна, вели Ненад Коциќ СДСМ и член на Анкетна Комисија за Онкологија
Венко Филипче, Нино Васев и уште четворица поранешни функционери да сносат политичка одговорност поради непочитувањена законите, побара во понеделникот Мизрахи како предлог заклучоци на Комисијата.
Ова не беше прифатено од членовите од власта и се што следуваше тој ден беа само кавги и викање.
Анкетната беше формирана по барање на опозицијата, но заврши без официјални заклучоци.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар