По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево

Австриското правосудство покрена кривична истрага против еден австриски државјанин и уште едно засега непознато лице под сомнение дека како „снајпер-туристи“ плаќале за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Како што јавува магазинот „Шпигел“, официјалната истражна постапка се води од 25 април, а Министерството за правда на Австрија ги потврди овие наводи во одговор на парламентарно прашање на пратеничката од Зелените, Алма Задиќ. Според австрискиот Кривичен закон, осомничените се товарат за учество во странски воени конфликти и за кршење на одредбите за воени злосторства.
„Шпигел“ потсетува дека наводите за таканареченото „Сараево сафари“ предизвикаа реакции и во германскиот Бундестаг, каде што пратениците од владејачката СПД побараа од сојузната влада итна проверка дали меѓу осомничените има и државјани на Германија.
Случајот со организираните тури за богати странци, кои плаќале за од позициите на Војската на Република Српска да пукаат врз граѓаните на опколеното Сараево, е под истрага и во Милано, каде што постапката се води против неколку италијански државјани, наведува ДПА.
Претходно денеска, белгиското обвинителство потврди дека започнало истрага за наводно учество на белгиски државјани во т.н. „човечко сафари“ за време на војната во Босна во 90-тите години од минатиот век.
МИА
Ново на Сител
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
