Пленковиќ го соопшти составот на новата хрватска Влада
Актуелниот и иден премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска го објави составот на новиот кабинет, во кој ќе има 16 министри и четворица потпретседатели.
Вицепремиери се Томо Медвед, Давор Божиновиќ, Здравко Мариќ и Борис Милошевиќ од СДСС, во име на малцинските партии.
-Сите добија апсолутна поддршка, им кажа Пленковиќ на новинарите по состанокот на врвот на ХДЗ.
Медвед, Божиновиќ и Мариќ остануваат на своите стари позиции, задржувајќи ги министерствата за бранители, за внатрешни работи и за финансии.
Гордан Грлих Радман останува на чело на Министерството за надворешни работи, Вили Берош за здравство и Олег Бутковиќ за море, сообраќај и инфраструктура, јавуваат хрватските медиуми.
Министер за одбрана во новата влада е Марио Баножиќ, за администрација и правда Иван Маленица, за труд и пензиски систем, семејна и социјална политика Јосип Аладировиќ, за култура и медиуми Нина Обуљен Корџинек, додека со Министерството за земјоделство ќе раководи Марија Вучковиќ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение
-
“Спорните” договорци на Токсикологија незаконски добиле плата само со потписот на Бесија Иљази