Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ.
„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада.
И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.
Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат.
По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите.
Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај.
Ново на Сител
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база