Пленарна и две комисиски седници во Собранието

Собранието денеска на 61. пленарна седница на дневен ред има предлог закони за ратификување меѓудржавни договори и протокли во различни области, со Словенија, Саудиска Арабија и Швајцарија.
На дневен ред се и Предлог закон за ратификација на Дополнителен протокол кон Европската повелба за локална самоуправа за правото за учество во работите на локалната власт; Предлог на закон за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Спогодбата од Маракеш за основање на Светската трговска организација и Предлог на закон за ратификација на Дополнителниот протокол 4 на Договорот за измена и пристапување на Централниот европски договор за слободна трговија.
По завршувањето на оваа, Собранието ќе ја продолжи 59-тата седница, на која се предлог-закони по скратена постапка: за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход; за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка и ЈП за државни патишта; за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица; за изменување на Законот за заштита и спасување.
На 59. седница пратениците треба да расправаат и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење; Предлог на закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија - сите по скратена постапка.
Во Парламентот денеска ќе заседаваат и две собраниски комисии - за култура и Законодавно-правната комисија, кои имаат иста точка на дневен ред - Предлог - закон за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, во прво читање.
Ново на Сител
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
-

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени 48 ирански „лидери“
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
