Пленарна и две комисиски седници во Собранието

Собранието денеска на дневен ред на 127 седница има предлог-одлуки за одобрување на годишни програми за работата на Агенцијата за пошти, Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и согласност на предлогот на Годишниот финансиски план на АЦВ за 2020 година.
Пред пратениците ќе биде и Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2020 година.
Покрај пленарна, закажани се и две комисиски седници – за здравство и за економски прашања. На дневен ред на седницата на Комисијата за економски прашања се предлозите за изменување и дополнување на шест закони: Законот за државната статистика; за електронска трговија; за таксата за провремен престој; за угостителската дејност: за индустриската сопственост и на Законот за туристичката дејност – сите во прво читање.
Седницата на собраниската Комисија за здравство има една точка на дневниот ред – Предлог-закон за контрола на опојни дрои и психотропни супстанции во прво читање.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
