-->
-->
Плеј оф: Вардар во Автокоманда ја потврди дуплата круна
-->
Ракометарите на Вардар со победата од 24:21 над Металург ја потврдија првата позиција на табелата и со тоа ја одбранија титулата првак на Македонија. „Црвено-црните“ во 8.коло од плеј офот заслужено стигнаа до триумфот пред се бидејќи на голот го имаа расположениот Арпад Штребик кој имаше 16 одбрани (10 во првиот дел).
Во текот на целиот натпревар Вардар беше во водство, кое Металург се обидуваше да го анулира, но во нападот имаше малку расположени играчи. Во првиот дел тоа беше само Филип Талески, кој на карјот од дуелот заврши со 9 голови, додека Јанко Божовиќ постигна пет (сите во второто полувреме). Младиот голман на Металург Мартин Томовски имаше седум одбрани.
Вардар има 24 бодови, а Металург 18 на две кола до крајот, со што ја обезбеди втората титула по ред или вкупно 10.та во клупската историја.
Во вториот дуел од ова коло Макс Струмица го победи Охрид со 28:23 за трето место на табелата.
Утре играат Работнички - Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор